Добредојдовте

Добредојдовте на веб-страницата на Македонската Асоцијација на Метална и Електро Индустрија

На иницијатива на неколку компании од металната и електро индустријата во Април 2014 се формираше Асоцијацијата на метална и електро индустрија – МАМЕИ. По повеќедецениско функционирање на овие индустрии, македонските производители сметаа дека е созреано времето за обединување на компаниите во една асоцијација, преку која ќе можат да ја зголемат заедничката соработка и да работат на постигнување на своите деловни цели и резултати.

Идејата за ваква асоцијација се развиваше повеќе од 1 година и конечно официјално се регистрираше Асоцијацијата на метална и електро индустрија- МАМЕИ како организација која сака да биде лидер во својата област во Македонија. МАМЕИ е формирана со поддршка на СИППО – Швајцарска програма за промоција на извозот на Switzerland Global Enterprise (S-GE).